Мајсторија на Барди – Леванте до бод против лидерот Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Енис Барди продолжува со одличните партии сезонава во шпанската Ла лига, откако беше стрелец на гол во ремито од 1-1 на неговиот тим против лидерот на табелата Атлетико Мадрид.

Македонскиот интернационалец донесе водство за тимот од Валенсија во 17. минута, откако прецизно биеше во мрежата на Јан Облак. Конечните 1-1 ги постави Маркос Љоренте исто така со прекрасен гол во 37. минута.

Се вчитува...