Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски е задоволен од прикажаното на денешниот тест наторевар против Работнички. Составот на Македонија во кој беа повикани играчи од домашниот шампионат и неколку странци, оствари победа од 2-0 со головите на Дориев и Исмаили.
„Сакам да им се заблагодарам на фудбалерите, што ги одработија овие три тренинзи, и на клубовите што ги ослободија од обврските, бидејќи ова не беше ФИФА термин, благодарност и на Работнички што ни излегоа во пресрет да одиграме тренинг натпревар. Резултатот беше во втор план, целта беше фудбалерите да имаат можност да се запознаат со методите и принципите на работа во А-репрезентацијата, некои од нив веќе имаа такво искуство, но другите што немаа, имаа можност за тоа, а ние имавме можност уште подобро да се запознаеме со нивните квалитети и можности. Задоволен сум од тоа што го одработија овие три дена, нормално дека ќе ги следиме во иднина, и во зависност од нивната форма и потребите на репрезентацијата ќе ги носиме следните одлуки” – изјави селекторот, Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

