Кирил Лазаров и неговиот Нант загубија на гостувањето кај Барселона со 30-29 во наптревар од ракометната Лига на шампиони. Францускиот тим одигра одлично прво полувреме во кое имаше позитива од три гола против големиот фаворит.
Сепак, во вториот дел падна силното темпо кое го наметнаа Лазаров и соиграчите и на крајот, Каталонците успеаја да направат целосен пресврт и да стигнат до триумф од 30:29. Нашиот капитен одигра одлично на централен бек во играта седум на шест, но и неговата маестрална партија не беше доволна за изненадување на овој меч.
Лазаров мечот го заврши со три гола од седум обиди, а најпрецизен во таборот на Нант беше Валеро Ривера со девет гола. Кај победникот по пет гола постигнаа Арињо, Гомеш и Дика Мем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА