Џејкоб Вајли на денешниот натпревар против Италија ќе го има своето деби во дресот на македонската репрезентација. Американскиот центар беше еден од кошаркарите кои беа позитивни во „балонот“ во Талин, каде „црвено-жолтите“ не одиграа ниту еден меч, поради што сега во Перм ги очекува пеколен распоред и четири натпревари во рок од пет дена.
Вајли е задоволен од сработеното во овој подготвителен период и оптимисти расположен во пресрет на дуелите што ги очекуваат макеонските репрезентативци.
„Немавме многу среќа во изминатите два месеци. Затоа се трудиме и работиме напорно. Се подготвувавме да бидеме спремни за овој “прозорец’… Кои се нашите очекувања на турнирот во Русија? Да се бориме, во секој натпревар да влеземе со верба во себе, во своите можности, и во тимската работа. На секој меч да се бориме и да бидеме компетитивни. Секако, додека играш, секојпат кога ќе стапнеш на теренот имаш шанса да победиш. Многу работи ќе зависат од нашата самодоверба, добрата игра треба да излезе од нашата самодоверба. Верувам дека имаме талент, дека го имаме тоа за да победиме. да веруваме еден во друг. Ако сме такви, можеме да победиме било кој тим, што ќе биде голема работа за нас“- порачува Вајли пред денешната пресметка со Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА