Еден од најмладите македонски репрезентативци, Цветан Кузмановски е прекомандуван во првиот тим на Пелистер, потврдија од битолскиот клуб. Тој потекнува од младинската школа на РК Струга, од каде минатата година се пресели во екипата на Пелистер 2.
„РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека ракометарот Цветан Кузманоски е нов член на екипата. Тој доаѓа од Еурофарм Пелистер 2 и во следните три и пол сезони ќе го носи дресот на нашиот клуб. Кузманоски веќе се приклучи на тренинзите на Жељко Бабиќ и неговиот стручен штаб и ќе дебитира во вторник во Лига Европа против Рајн Некар Левен. 21-годишниот Кузманоски е изданок на школата на Струга, клуб во кој две години по ред беше најдобар стрелец во Суперлигата. Се пресели во Еурофарм Пелистер 2 во летото минатата година и се наметна во тимот на Александар Јовиќ. Клубот официјално ќе го промовира в понеделник во клупските простории“, стои во соопштението од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА