Тотенхем со „астрономска“ цена за Кејн!

Најдобриот англиски голгетер во последната деценија, Хари Кејн е желба на повеќето европски гиганти, меѓу кои се наоѓаат и Манчестер Сити и Реал Мадрид, но за 27-годишниот Англичанец да замине од „Хотспур Арена“, клубовите ќе мораат да го „одврзат ќесето“, бидејќи лондонскиот состав го цени Кејн на ништо помалку од 170 милиони евра.

Договорот на напаѓачот со Тотенхем истекува во 2024 година, па „спарси“ во време на пандемијата на коронавирус и финансиски проблеми се одлучи да го „осигура“ голгетерот, но и добро да заработи доколку Кејн ги смени клупските бои.

Доколку Кејн замине од Тотенхем за посакуваната сума, тоа би бил трет најскап трансфер во историјата на фудбалот по Нејмар и Килијан Мбапе кои за 222 милиони, односно 180 милиони се приклучија на „дрим-тимот“ на ПСЖ.

 

 

Се вчитува...