Бланка Влашиќ објави крај на кариерата

Една од најдобрите хрватски спортистки на сите времиња, Бланка Влашиќ објави крај на кариерата. По неколку годишна борба со повредите таа одлучи и дефинитивно да се прости од атлетиката.

Влашиќ два пати во кариерата беше светска шампионка во Осака 2007 и Берлин 2009, а два пати се радуваше и на светската титула во сала во 2008 во Валенсија и 2010 во Доха. Еднаш беше најдобра на Европските првенства 2010 во Барселона, а на Олимписките игри освои сребро во 2008 и бронза во 2016.

 

 

Се вчитува...