Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо искажа огромно незадоволство од играта на својот тим на синоќешниот дуел против Гранада. Наполитанците загубија со 2-0 а како една од причините Гатузо нагласа дека тимот нема победнички карактер, а психолошката стабилност на одредени првотимци е значаен фактор околу играта на самиот меч, притоа посочувајќи го македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
„Елмас направи неколку грешки и истите му ги посочив, но потоа тој веднаш стана депримиран од тоа и комплетно падна со играта на теренот. Во фудбалот потребно е да ги ставите лошите работи на страна, да ги тргнете од своите мисли и да продолжите да мислите позитивно. Не треба да се размислува за грешката. Не ми се допадна како Елмас реагираше на тоа кога ќе му се укаже на грешките“ – истакна Гатузо, дополнувајќи дека повредите во тимот не треба да бидат изговор за поразот.
„Создадовме доста шанси и заслуживме подобар резултат, но не го остваривме поради лоши одлуки. Нема потреба да зборуваме дали имаме шанси за пресврт, наша цел треба да биде што е можно побрзо враќање на играчите. Ни недостасуваат 10 или 11 играчи поради повреди а Политано денеска имаше проблем и едвај дишеше. Нема да плачеме, потребно е да бараме солуции“ – вели Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

