Виктор Петков обезбеди втора трка во велеслаломот на СП во Кортина Д’ампецо

Македонскиот скијач, Виктор Петков успеа да се пласира во втората трка на велеслаломот на Светското првенство во италијанската Кортина Д’ампецо. Петков првата трка ја извози за време од 1:30.27 со што го освои 51. место.

Тој доцнеше 12.72 секунди зад времето на првопласираниот Алексис Пантуро од Франција. Втората трка на програмата е во 13:30 часот, а нашиот алпски скијач својот настап ќе го има по завршувањето на најдобрите 30 натпреварувачи.

Се вчитува...