Познатиот музички фестивал „Сан Ремо“ што ќе се одржи на почетокот од следниот месец ќе понуди и невиден спектакл – дует што ќе го изведат голгетерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ и тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.
Двајцата се многу добри пријатели во приватниот живот, а по многу размислување ја прифатиле понудата на организаторот да бидат нешто повеќе од обични гледачи на „Сан Ремо“.
„Ако има нешто во што не сум добар, тоа е пеење и танцување, знам дека истото е случај и со Ибра. Ако ништо друго, луѓето ќе имаат за што да се смеат“, ја потврди Михајловиќ информацијата за дуелот со Златан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА