Еден од најбогатите светски спортисти Флојд Мејведер неодамна стана дедо. Неговата ќерка Јаја роди син пред нешто повеќе од еден месец, а славниот дедо се погрижи малиот Кентрел веднаш да добие скапи подароци.
Познатиот боксер се пофали и на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од малиот внук, но и од богатството со кое го дарувал.
За неговиот внук, Флојд купи „Rolex Oyster Perpetual Datejus“, чија почетна цена е 50 000 долари, но тоа не беше сè. Бебето го однел и на своето прво патување со приватен авион, па нема сомнение дека малиот Кентрел ќе биде идниот миленик на дедо Флојд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА