Вардар во недела ќе го пречека Елверум во натпревар од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се во потрага по првиот триумф во 2021 година во Лигата на шампионите, по трите порази, еден од Порто и на двапати од Пик Сегед. Тренерот на „вардарци“ Стевчо Алушовски се надева дека по двата несреќни порази против Пик Сегед сега ќе се радуваат на победа.
„Не очекува една пеколна недела. Ќе треба да одиграме 4 натпревари, два од Лигата на шампионите, една од СЕХА лигата и еден од домашниот куп. Ќе одиме меч по меч. Одигравме два меча со Сегед на кои бевме блиску, но не успеавме да победиме. Сега мора да гледаме напред и на мечот со Елверум кој не очекува. Тоа е тим кој не е наивен, не смееме во никој случај да ги потцениме. Гледваме видео, анализиравме каква е нивната одбрана. Тоа е квалитетна одбрана, многу слична на таа скандинавска школа, со многу контакт и густина. Но можеме и знаеме како да нападнеме. По оние два малку и несреќни порази се надевам дека ќе се радуваме. Шансите за успех се многу поголеми отколку на мечевите со Сегед“, вели кормиларот на Вардар.
Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за во недела во 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА