Чупиќ може буквално се – Хрватот најдобар десен бек на колото во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Вардар загуби на гостувањето кај Пик Сегед со 34-33 во Лигата на шампионите, а најдобар ракометар на „црвено-црните“ беше Иван Чупиќ. Хрватот натпреварот го одигра на десната бековска позиција и успеа да постигне девет гола.

Неверојатниот учинок на вардаровото крило беше доволен за да се најде во тимот на колото на ЕХФ, со што беше избран за најдобар десен бек. Со ова признание Хрватот покажа дека навистина може да изигра неверојатно на секоја позиција, а миленикот на навивачите на Вардар ќе недостасува многу следната сезона кога ќе се врати во Хрватска, откако потпиша договор со ППД Загреб.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)

Се вчитува...