Кошаркарска бомба – Пау Гасол се врати во својата Барселона!

Легендарниот шпански кошаркар Пау Гасол до крајот на сезоната ќе биде дел од Барселона. Искусниот центар се одлучи за овој потег како би можел да конкурира за настап на Летните олимписки игри во Токио.

Популарниот Пау во јуни ќе наполни 41 година, но се уште верува дека во него има доволно квалитет за да се најде во ростерот на Серџо Скариоло за игрите во Токио. Пау Гасол кариерата ја почна токму во Барселона од каде во 2001 година премина во НБА лигата во дресот на Мемфис Гризлис во кој остана до 2008 година во која му се приклучи на Коби Брајант во ЛА Лејкерс со кои два пати го освои трофејот „Лери О’Брајан“.

 

Се вчитува...