По ремито пред три дена, Енис Барди и Леванте одиграа уште еден неверојатен натпревар против лидерот во Ла лига, Атлетико Мадрид совладувајќи го на гостински терен со 0-2 во натпревар од 24. коло.
Гостите во 30. минута поведоа со голот на Моралес. Во вториот дел домаќините не искористија неколку шанси. Суарез од слободен удар ја погоди стативата, а потоа беше поништен и гол за „душекчиите“. По неискористувањето на своите шанси, Леванте во финишот го искористи тоа што и Облак беше во нивниот шеснаесетник, па Де Фрутос ги постави конечните 0-2.
Атлетико Мадрид останува водечки на табелата во Ла лига со шест бода предност пред градскиот ривал Реал Мадрид, додека Леванте сега е на одличното осмо место со 31 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА