Нов пораз на Металург во Лигата на Европа

Ракометарите на Металург го забележаа и шестиот пораз во седмиот натпревар сезонава во групата А од Лигата на Европа, откако на домашен терен беа поразени од рускиот Чеховски Медведи со 32-37. Како и на останатите натпревари така и денеска одбраната на тимот од Автокоманда не постоеше и залудни беа 3. поени кои ги постигнаа бидејќи не можеа да се одбранат во ниту една ситуација.

Русите уште од самиот старт почнаа со полна пареа и веднаш направија предност од три гола (2-6). Металург во неколку наврати успеваше да дојде на минус два, но тоа беше се што успеаја во првите 30 минути, по што на полувреме заминаа со негатива од четири гола 17-21. Во второто полувреме во 40. минута гостите стигнаа и до највисоките плус шест 20-26. Металург повторно успеа да стигне до минус два (32-34), но тоа беше се што успеаја бидејќи Русите се сконцентрираа и на крајот стигнаа до конечен триумф од 32-37. Тарабокија со девет гола беше најдобар поединец во домашниот табор, додека Андреј Митиќ постигна седум гола. Кај победникот Остаченко заврши со шест гола.

Металург е последен во групата А со само еден освоен бод на домашен терен против австрискиот Фајверс на кого ќе му гостува во вторник.

Се вчитува...