И Ливерпул за легендарниот Џоле – Почит за Балашевиќ и на „Енфилд роуд“ (ВИДЕО)

Балканот се уште тагува по смртта на еден од најголемите уметници во просторите на поранешна Југославија, Ѓорѓе Балашевиќ. Буквално во секој град на овие простори му се оддава чест на популарниот Џоле.

Колкава е големината на Балашевиќ покажува тоа што му беше оддадена чест и на едно од најкултните места во светот, а тоа стадионот на Ливерпул „Енфилд роуд“. Пред градското дерби против Евертон новинарот на регионалната телевизија „Спорт клуб“ кој работи како дописник од Англија му оддаде чест на Балашевиќ, оставајќи негова фотографија на спомен плочата на „Енфилд“ посветена на настраданите во несреќата на стадионот Хилсборо во 1989 година.

 

Се вчитува...