Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски не го крие задоволството по освоената балканска шампионска круна на 3.ооо метри.
Ивановски на Балканското првенство во Истанбул, Турција, триумфираше со убедлива предност пред конкурентите, како заокружување на сиот изминат напорен труд заедно со својот тренер Игор Јакимовски.
„Балкански шампион на 3000 метри. Пред се сакам да се заблагодарам на сите што застанавте позади мене. Да претставуваш една држава значи преголема одговорност, бидејки иако можеби е мала, сепак позади мене чувствувам “два милиона” жители за кои сум одговорен и спремен да се покажам во најдобро светло пред целиот свет“ – вели Дарио по освоениот златен медал, а кого сега од 4. март го чека и настапот на Европското првенство во сала во Торун, Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА