Ракометарите на Вардар имаат негатива од еден гол на полувреме (20-21) против норвешкиот Елверум во натпревар од ракометната Лига на шампиони. Повторно катастрофалната игра во одбрана е главниот проблем за негативата на „црвено-црните“ кои во нападот одиграа солидни 30. минути.
Сепак, 21 примен гол во едно полувреме е премногу за еден тим кој сака да биде дел од најквалитетното европско натпреварување. Целото прво полувреме беше во резултатска нишалка. Норвежаните никогаш не отидоа на повеќе од еден гол разлика, додека Вардар во еден момент имаше два позитива (12-10).
Анте Гаџа со шест гола е најефикасен во македонскиот тим, додека Иван Чупиќ и со еден помалку се најпрецизни во таборот на „црвено-црните“, додека кај гостите предводник е Пујол со четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА