Фудбалерите на Лестер славеа на гостувањето кај Астон Вила со 1-2 во 25. коло во англиската Премиер-лига. Водство за „лисиците“ од 0-1 донесе Медисон во 19. минута, а само четири минути подоцна Барнс го удвои водството. До крајот на мечот домаќините успеаја само да го ублажат поразот преку Траоре во 48. минута.
Лестер изби на втората позиција на табелата со 49 бода, односно седум помалку од лидерот Манчестер сити кој има натпревар помалку. Астон Вила останува осма со 36 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

