Вардар повторно не успеа да стигне до триумф во Лигата на шампионите, откако со примен гол во последната секунда одигра само нерешено на домашен терен против норвешкиот Елверум 33-33.
Маестрален на голот на „црвено-црните“ беше младиот Марко Кизиќ кој на крајот заврши со 13 интервенции.
Вардар се уште е на последната позиција на табелата во својата група, но со повеќе деца како Кизиќ само е прашање на време кога повторно ќе се врати во врвот на европскиот ракомет. Затоа „Вардаре со вакви деца ти никогаш нема да си сам“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА