Онана бара правда во Лозана

Голманот на Ајакс, Андре Онана доби суспензија на една година од страна на УЕФА поради позитивен допинг тест, за кој Камерунецот тврди дека е грешка, со оглед на тоа што наместо аспирн по грешка испил Супругин, лек на неговата бремена сопруга кој содржи супстанцата фуросемид, која е забранета за професионални спортисти.

24-годишниот чувар на мрежата не може да се помири со преголемата суспензија, па заедно со клубот од Амстердам правдата ќе ја бараат на Судот за спортска арбитража во Лозана.

„Потполно сме убедени во исправноста на законските кации“ – порачаа неговите адвокати, Долф Сегар и Хавиер Ферера.

 

Се вчитува...