Селекторот на актуелниот светски ракометен шампион Данска, Николај Јакобсен го објави списокот за двата евроквалификациски натпревари кои во март ќе ги играат со Македонија.
Данците предводени од Микел Хансен и Никлас Ландин Јакобсен ќе и се спротистават на новата Македонија која ќе биде предводена од легендата на македонскиот ракомет Кире Лазаров.
Првиот натпревар е закажан за 10. март, а ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, додека реваншот е закажан за четири дена подоцна во Алборг. Македонија одлично ги стартуваше квалификациите со победи на домашен терен против Финска и на гости против Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА