Марио Хезонја се врати во Европа, ќе го носи дресот на Пао (ФОТО)

Хрватскиот интернационалец, Марио Хезонја по шест години поминати во НБА лигата ќе се врати во европската кошарка откако потпиша договор со грчкиот Панатинаикос до крајот на сезоната.

25-годишниот бек своето место меѓу „зелените“ го осигура на два дена пред истекот на трансфер периодот во најсилното кошаркарско натпреварување на „стариот континент“. Неговиот поранешен клуб, Барселона имаше можност да ја изедначи понудата на Грците, но ја исполни желбата на Хрватот за премин во Панатинаикос каде ќе добие шанса за докажување пред квалификацискиот турнир за престоните Олимписки играчи.

 

Се вчитува...