Тодоров: Натпреварот го загубивме во првото полувреме, Нено ќе биде лидерот на репрезентацијата во наредните години

На македонската кошаркарска репрезентација и претстои тежок период за враќање на големата сцена откако во квалификациите за Европското првенсто избраниците на Тодоров не успеаја да изборат место меѓу дваесетичетирите најдобрите селекции на „стариот континент“.

Македонија денеска забележа само пирова победа против Естонија (86-84), со недоволна разлика со која би се надминала негативата од првиот натпревар одигран во Скопје. По денешниот дуел, селекторот Тодоров причината за поразот ја виде во лошата игра во првото полувреме во кое одбраната не беше на врвот на својата задача. Македонија за 20 минути прими 49 поени, премногу за еден ваков натпревар.

„Натпреварот денеска го изгубивме во првото полувреме кога дозволивме многу отворени шута, продори и забивања. Потоа се обидовме да одговориме како и вчера, да се вратиме и да дојдеме до продолжение, но и они нас не прочитаа и намерно ги промашија слободните фрлања. Ние сме единствениот тим на овие квалификации кој со две победи не успеа да се квалифицира на Евробаскетот. Разочаран сум, но во исто време и многу горд на овие момци бидејќи успеавме да ја составиме репрезентацијата. За жал, овој пат не беше доволно“ – изјави Тодоров.

И покрај тоа што беше неизвесен за денешната средба по поведата на дуелот против Италија, предводникот на македонската репрезентација, Нено Димитијевиќ застана „рамо до рамо“ со првата постава. По дуелот, селекторот имаше само пофални зборови за кошаркаркот кој треба да ја предводи Македонија во иднина.

„За мене не беше тешко да го ставам Нено во игра, благодарен сум на него и на медицинскиот персонал бидејќи успеаа да го подготват за овој натпревар. Ова беше многу значаен натпревар и играњето не беше опција. Само играчи кои се вистински патриоти и кои ја сакаат својата држава можат да направат такво нешто. Тој го докажа тоа и знае дека ќе биде лидерот на оваа репрезентација во наредните десет и повеќе години. Го даде најдоброто и покрај тоа што одигра натпревар во голема болка. Му благодарам за оваа одлука“ – додаде селекторот на Македонија.

Се вчитува...