На натпреварот меѓу Јавор и Нови Пазар во Србија помалку неверојатни сцени и отворена физичка пресметка меѓу фудбалерите на двата тима.
Се се случи кога при 1-0 за домашните на гостинската екипа и беше поништен погодок. Во главна улога беше фудбалерот од БиХ, Немања Драгутиновиќ, член на Нови Пазар. По неговиот шут, судијата поради прекршок ја прекина акцијата поништувајќи го постигнатиот гол. Сето тоа за многу нервоза на теренот. Сепак во тој момент ситуацијата се смири и натпреварот продолжи.
Но, веќе при следниот прекин нов судир во кој сега се вплеткаа и резервните фудбалери. Имаше и удари, исклучувања, но на крајот натпреварот беше одведен до крај со победа на Јавор од 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА