Македонскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 го официјализира потписот на договорот со интернационалецот од Босна и Херцеговина, Павле Петровиќ. Овој 21-годишен десен бек се обврза на договор со клубот од Битола до крајот на сезоната, а ќе дебитира в среда на натпреварот од Купот на Македонија против Јехона. Петровиќ во Македонија доаѓа од тимот Локомотива Брчко од БиХ.
„Павле Петровиќ (ракометар на Еурофарм Пелистер 2) Дојдов во Битола од БиХ, играв за Локомотива од Брчко и мислам дека ова ми е вистински чекор во кариерата. Многу ми се допаѓа атмосферата во клубот и начинот како се работи, како се игра и задоволен сум од тренерот и прифаќањето од страна на играчите. Ми се допаѓа и опкружувањето и градот. Добро се игра, добро се тренира и екипата е добра. Се бориме и се бодриме и мислам дека во следните еден-два месеци добро ќе се вклопам во новиот тим“, изјави Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА