Ибрахимовиќ понижен на сред улица: Доби награда за „најголемо промашување во Италија“, но одлично реагираше… (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ оваа сезона е еден од лидерите на Милан кој долго време се наоѓаше на врвот на италијанското првенство. Швеѓанецот постигна 14 погодоци на 13 натпревари, но во најважните моменти, на дуелот против Интер, голгетерот беше невидлив.

По поразот од Интер со 3-0, Ибрахимовиќ беше тешко критикуван за лошиот настап, но Италијанците целата ситуација бргу ја сменија на забава. Новинарот на саркастичната емисија „Striscia La Notizia“, Валерио Стафели на голгетерот му врачи „Златен тапир“.

Златан извонредно реагираше на подарокот, па шегата ја сврте на своја страна…

„Беше тешко против Интер, многу грешевме, но ќе се поправиме. На следниот натпревар ќе го понесам и тапирот, можеби ќе ми донесе среќа“ – изјави Ибра.

Се вчитува...