Барселона активираше уште една „бомба“, носејќи шпански репрезентативец од НБА-лигата откако каталонскиот гигант денеска го официјализираше трансферот на Пау Гасол. Искусниот 40-годишен кошаркар во последната година често беше поврзуван со враќање во поранешниот клуб, за денеска и официјално да биде потврдено – Гасол потпиша договор со Барса со важност до 30 јуни годинава.
Тој настапуваше во дресот на Барселона од 1999 до 2001 година, по што се пресели во НБА-лигата, каде имаше и повеќе од успешна кариера.
Желбата на Гасол е повеќе од јасна – да ја предводи Шпанија на ОИ во Токио, селекторот Скариоло објави дека нема да повикува кошаркари кои не се стандардни во своите клубови, а ветеранот подолго време беше без ангажман, па во обид да се врати во репрезентацијата ја прифати понудата на Барса.
Каталонците со неговиот ангажман донесоа уште една суперѕвезда, со која Барселона прераснува во главен фаворит за титулата во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА