Кошаркарите на ЦСКА Москва далеку потешко од очекувањата, иако извонредно го почна мечот, со поени на две секунди пред крајот, дојдоа до победа од 74-75 на гостувањето против Олимпијакос во Атина во 25. коло од Евролигата.
А, се чинеше дека само рутинска задача ќе биде за Русите откако по одличниот старт полувремето го добија со 26-44. Но, Олимпијакос одигра феноменално полувреме успевајќи да се врати дури и од негатива од 25 поени. Па Грците со кошот на Принтезис на 12 секунди пред крајот и поведоа со 74-73. Сепак, ЦСКА со поените од слободни фрлања на Мајк Џејмс на две секунди пред крајот за конечни 74-75.
Најдобар во победничкиот тим беше токму Мајк Џејмс со 15 поени и шест асистенции, а кај Олимпијакос извонреден беше Шекил Меккисик со 24 постигнати поени.
Валенсија претходно убедливо со 62-91 славеше против Зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА