Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе играат во осминафиналето на Лига Европа откако славеа и на реванш-пресметката против Краснодар, овој пат со 1-0 на „Максимир“.
По првите 2-3 за Динамо од првиот меч, сега победата на „модрите“ ја донесе Оршиќ во 31. минута. Адеми и Ристовски го одиграа целиот натпревар за хрватскиот тим.
Црвена Звезда и по вторпат ремизираше со Милан, овој пат со 1-1 на гостувањето на „Сан Сиро“, но само поради гол повеќе на гостински терен, по оние 2-2 од Белград, „миланезите“ продолжуваат во осминафиналето.
Најголемото изненадување го приреди Славија Прага која со гостинската победа од 0-2 го елиминираше Лестер, а Олимпијакос благодарение на голот на Кока во 88. минута успеа да дојде до осминафинале.
ЛИГА ЕВРОПА – 1/16-ФИНАЛЕ (втори натпревари)
МИЛАН – Ц. Звезда 1-1 (2-2)
РОМА – Брага 3-1 (2-0)
Баер Л. – ЈАНГ БОЈС 0-2 (3-4)
Бриж – ДИНАМО КИЕВ 0-1 (1-1)
ДИНАМО З. – Краснодар 1-0 (3-2)
Лестер – СЛАВИЈА ПРАГА 0-2 (0-0)
МАНЧЕСТЕР Ј. – Реал Сосиедад 0-0 (4-0)
ПСВ – ОЛИМПИЈАКОС 2-1 (2-4)
- Во заградите се резултатите од првите натпревари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА