Динамо Загреб успеа да ја мине првата елиминациска пречка во битката за долг пролетен настап во Лигата на Европа, откако славеше и во вториот натпревар над рускиот Краснодар со 1-0, па со вкупни 4-2 се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.
Колку на фудбалерите на Динамо, меѓу нив секако и на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, им значеше оваа победа покажува снимката од лудото славје во соблекувалната на „модрите“.
Ждребот на осминафиналето во кој загрепскиот состав како можни противници за следната фаза ги има Манчестер Јунајтед, Милан, Арсенал и Тотенхем е денеска од 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА