Хорор-прекршок: Линделоф како УФЦ-борач (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед успеа да се пласира во следната фаза од Лига Европа откако по убедливиот триумф во првиот натпревар (4-0), во вториот меч, на домашен терен ремизираше со Реал Сосиедад. Натпреварот заврши без регуларни голови.

Еден од најзаслужните за тоа беше Виктор Линделоф, кој со „хорор-прекршок“ во 63. минута успеа да ги шокира играчите на двата табора, откако при нафрлување со колено го погоди противничкиот играч во главата. Истата акција успеа да ја заврши Алекс Туанзебе, но голот беше поништен од страна на ВАР.

Љубителите на фудбалот овој потег го споредија со потезите на УФЦ борците, а не здивнаа ниту коментарите дека Швеѓанецот кој за овој потег доби само жолт картон, требаше да биде исклучен од средбата.

Се вчитува...