Лара Гут Бехрами продолжува со одличните настапи во брзинските дисциплини во сезоната во алпско скијање. Швајцарката денеска триумфираше на спуст трката од Светскиот куп која се возеше во италијанскиот ски-центар Вал ди Фаса.
Гут-Бехрами до победата стигна со време од 1:23.93 минута, што беше за само две стоти делови од секундата подобро од второпласираната Австријка, Рамона Сибенхофер. Подиумот го надополни втората Швајцарка, Корине Сутер со задоцнување од 26 стотинки зад времето на сонародничката.
Со овој триумф Гут-Бехрами го презема и лидерското место во генералниот пласман во Светскиот куп, откако досега водечката Петра Влхова од Словачка заврши на деветтото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА