Вест Хем Јунајтед денеска ќе му гостува на Манчестер Сити, а Дејвид Мојс во најавата за натпреварот упати комплименти на адреса на предводникот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
Иновацијата и начинот на кој работи во Манчестер Сити го донесе Пеп Гвардиола пред новата титула – англиски шампион. Се чини дека „граѓаните“ веќе ја ставија едната рака на трофејот. Менаџерот на „чеканите“, кои во моментов се наоѓаат на четвртото место на табелата во Премиер лигата, упати само пофални зборови до Гвардиола и неговиот начин на работа.
„Можеби користам лоша аналогија, но тој е како Хестон Блументал кој меша чоколадa со јајца или нешто глупаво и невозможно. Пеп е како Блументал во фудбалот. За работи за кои мислите дека никогаш нема да поминат, мислите дека нема да изгледаат добро. Тој прави големи работи и секогаш бара нови идеи и е иновативен“, изјави Мојс, споредувајќи го Гвардиола со Хестон Блументал, познат ТВ-готвач.
Аналогијата со готвачите Мојс ја искористи и за да се опише самиот себе.
„Јас секогаш сум бил Гордон Ремзи. И, веќе знаете што може да добиете, нели? Мојс се спореди низ смеа со искусниот Ремзи, кој е познат по тоа што е многу строг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА