Лајпциг не се откажува од титулата: „Ѕверски“ камбек против Борусија Менхенгладбах

Лајпциг со извонреден камбек триумфираше на дуелот со Борусија Менхенгладбах со 3-2, иако гостите имаа водство од 0-2 по првото полувреме од овој супердраматичен натпревар.

Нкунку го најави пресвртот во 57. минута, само девет минути подоцна Поулсен со гол од дваесетина метри израмни на 2-2, а пресвртот беше комплетиран во судиското продолжение, кога Сорлот одлично се снајде во петерецот и со прецизен удар со глава донесе огромна радост меѓу домашните фудбалери.

Лајпциг со овој триумф останува главен ривал на Баерн Минхен во трката за титулата задржувајќи ја негативата зад актуелниот првак на само два бода.

Се вчитува...