Синиша Михајловиќ: Ме изненади мојот тим, не верував во победа над Лацио

Тимот на Болоња вчера го совлада фаворитот Лацио со 2-0, во натпревар од 24. коло во Серија А. Овој резултат го изненади дури и тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.

Екипата на Лацио е првиот голем фаворит што тимот на Болоња го победи оваа сезона во Серија А, во време кога Михајловиќ имаше големи проблеми да го состави најдобриот тим.

„Знаевме дека порано или подоцна ќе победиме еден од големите клубови во Италија. Можеби денес очекував помалку од кој било друг натпревар, затоа што моравме да смениме половина одбрана, а дефанзивците се особено важни за нападот и одбраната на еден тим“, изјави Синиша Михајловиќ за италијанските медиуми.

Избраниците на Синиша со оваа победа уште повеќе ја продлабочија лошата атмосфера во Лацио, кој претходно беше убедливо поразен од Баерн Минхен (1-4) на мечот од Лигата на шампионите.

Се вчитува...