Пирло нападна новинар: Прво погледни ги натпреварите на Јуве, па после кажувај што да правам!

Андреа Пирло не беше задоволен со ремито на Јувентус во Верона (1-1), што е и разбирливо. По мечот не можеше да се воздржи, па имаше вербална пресметка со еден од присутните новинари.

Кристијано Роналдо им донесе водство на гостите од Торино на почетокот на второто полувреме, но Верона успеа да се спаси од пораз со голот на Антоан Барак. Новинарот на „Скај Спорт“, Џанкарло Падован го праша Пирло за некои тактички работи, сугерирајќи му дека користи некои играчи на погрешни позиции.

„Бевме во одлична ситуација за победа, имавме добра игра со оглед на отсутните играчи. Јас веќе го адаптирав Алекс Сандро за стопер, па не можевме да измислиме повеќе од тоа. Ако ви недостасуваат четири дефанзивци, тогаш кажете ми што треба да направам “, рече Пирло.

Потоа, Падован разговараше со Пирло за одбраната на Верона со Раду Драгусин, кој, според новинарите, играше на позицијата бек, а Пирло верува дека неговата улога била исклучиво на позицијата централен дефанзивец.

„Драгусин не е бек и тој никогаш не играл како бек, тој е третиот стопер. Треба да гледате неколку натпревари пред да коментирате. Ти очигледно не си ги гледал“, додаде Пирло.

Сепак, упорниот новинар додаде дека Бернардески и Киеса не биле на своите природни позиции во формацијата 3-4-2-1.

“Жал ми е, но кого би поставил во таа формација? Киеса е напаѓачко крило, тој играше многу натпревари во таа улога. Бернардески речиси секогаш играше на таа позиција. Кога треба да направите промени, сите треба да се прилагодат на тоа”, заклучи тренерот на „Старата дама“.

Се вчитува...