Златан Ибрахимовиќ и на 39-годишна возраст е доминантен на фудбалските терени, тој сезонава веќе има 16 погодоци, но повеќе од јасно е дека на фантастичната кариера на шведскиот фудбалски великан и се ближи крајот.
Ибракадабра се уште се нема изјаснето со што планира да се занимава кога ќе ги закачи копачките за клин, но во едно е сигурен – Златан сигурно нема да биде тренер.
„Невозможно е да сум тренер, тоа ми е повеќе од јасно. Не можам да се занимавам со оваа професија, па ако јас сум тренер среде секој натпревар ќе тепам по двајца мои фудбалери. А по мечот уште по осум, тоа не е добро за никого“, истакна Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА