Ѕвездите на Реал Мадрид се меѓу најплатените фудбалери во светот, па тие често знаат да возат скапи автомобили. Сепак, вчера беше забележана несекојдневна ситуација, во тренинг кампот на „кралскиот клуб“, дојде пајак служба и собра автомобил на една од ѕвездите на Реал.
Имено, Тибо Куртоа пристигна на тренингот со „Ролс-Ројс“ од 300.000 евра, а кратко потоа го снема неговиот автомобил! Камерите го забележаа моментот кога кранот управуваше со возилото на белгискиот голман, кој е одличен меѓу стативите оваа сезона. Главната причина за прекршокот на Куртоа не е позната, но ѕвездата остана во неверување после одземањето на неговото возило.
По завршувањето на тренингот, Куртоа не останал без возило и заминал дома, откако претходно влегол во скапо „Ауди“, кој е спонзор на клубот од Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

