Нов шок за хрватскиот и за регионалниот спорт. По кратко и тешко боледување, почина Златко Крањчар на 64 години. Популарниот Цицо е вистинска легенда на загрепски Динамо. Тој исто така со голем успех играше и за Рапид Виена во својата кариера.
Како што пренесуваат хрватските медиуми Крањчар пред десет дена е примен во болницата во Задар поради проблемите со црниот дроб. Пред неколку денови поради влошување на состојбата е префрлен во клиничкиот центар во Загреб, каде денеска починал.
Златко има богата тренерската кариера, а особено на оваа позиција се истакна во Динамо. Беше и селектор на хрватската репрезентација, кратко време седеше и на клупата на Црна Гора. Крањчар исто така беше тренер на Загреб, кој ја освои титулата во 2002 година и го направи најголемото изненадување во историјата на хрватската фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА