„Чудото од дете“ на Металург, Стефан Додиќ пред трансфер во Кјелце!

Еден од најголемите млади ракометни таленти, членот на Металург и српски репрезентативец, Стефан Додиќ е пред трансфер во полскиот Кјелце. 18-годишниот плејмејкер е пред потпис на тригодишен договор со клубот во кој е тренер легендарниот Талант Дујшебаев.

Додиќ дел од Металург е од 2018 година, а во јануари годинава забележа настап и за ракометната репрезентација на Србија во квалификациските мечеви против Франција за пласман на Европското првенство 2022 година.

Се вчитува...