Јокиќ „постираше“ па проговори – Тоа беше добро забивање (ВИДЕО)

Никола Јокиќ продолжува со настапите во МВП форма. Српскиот интернационалец во победата од 112-118 над Чикаго повторно беше блиску до трипл-дабл учинок откако натпреварот го заврши со 39 поени, 14 скока и 9 асистенции.

По натпреварот центарот на Денвер не го криеше задоволството од добрата игра, а прокоментира и за споредбата со Тим Данкан.

„Бевме премногу лабави, јас сакав да бидам агресивен, да го променам ритамот и мислам дека го направив тоа. Престанаа да ме удвојуваат, доцнеа. Играв повеќе еден на еден. Данкан ми беше инспирација кога дојдов тука. Гледав како играше, а и јас играв против него. Секогаш велам дека тој ми ги даде најлесните 20 поени. Како да не бев на паркетот, а тоа беше неговата последна сезона. Можам само да замислам каков играч беше на врвот на својата кариера. Тој е прав идол“ – изјави Јокиќ по средбата.

Србинот го имаше и потегот на вечерта кога „закуца“ преку Патрик Вилијамс, неговиот прв „постер“ во кариерата…

„Џамал одлично ми ја додаде топката, Вилијамс скокна порано, а јас сакав да бидам агресивен. Тоа беше добар момент. Тој ја промаши топката и ме удри по лице. Тоа беше добро забивање. Да тоа беше мојот прв „постер“ во животот“ – низ смеа проговоре центарот.

Најубавите моменти од одличниот натпревар на Јокиќ погледнете го подоле.

Се вчитува...