Скокот на ФИБА-листата, слаба утеха за кошаркарите

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија забележа скок од едно место на најновата ранг-листа на ФИБА, слаба утеха за нашите кошаркари по неуспехот да обезбедат учество на Евробаскет 2022.

Нашата машка сениорска репрезентација реализираше две победи на последниот квалификациски турнир во Перм. Со триумфите над Италија, и против Естонија, ни донеса 211.7  бодови во евро-рангирањето, што во овој момент е доволно за 29. место на листата. Овој пласман претставува скок од една позиција во однос на претходното рангирање кое беше објавено во декември минатата година. Во оној светски рејтинг, Македонија е поставена на 52. позиција на вкупната табела која ја сочинуваат 168 земји од целиот свет вклучени во системот на натпревари на ФИБА.

Без промени е самиот врв на светската лига, во кој како водечка е селекцијата на САД со 781.8 бодови, пред Шпанија која има 721.3, Австралија со 667, Аргентина која има 662.4 и Србија која е на позицијата 5, со 662 рејтинг бодови.

Интересно, селекцијата на Казахстан, која од клупата ја предводи нашиот стручњак, Емил Рајковиќ, е една од петте со најголем напредок во февруарскиот квалификациски циклус. Казахстанците остварија скок од пет места, па сега се наоѓаат на 74. позиција на светското кошаркарско рангирање.

Се вчитува...