Првото македонското дерби во АБА2 лигата му припадна на МЗТ Скопје кој успеа да слави над Работнички со 84-82 во неизвесна завршница, која што можеше да заврши и со славје на „црвено-белиот“ дел од градот.
Избраниците на Мираковски имаа предност од 76-80 на помалку од две минути до крајот на натпреварот и шанса да ја заверат победата по изгубената топка на Гравет, по која Питс тргна кон противничкиот кош, меѓутоа одличната енергија која ја внесе Олуџоби во последната четвртина заврши со „банана“ која доведе до целосен пресврт и победа на „штрковите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА