На вчерашното изборно собрание на СФМ (Скијачката федерација на Македонија), за нов претседател беше избран Дејан Пановски, македонски алпски скијач, олимпиец, спортист со врвни резултати.
Во својата историја Пановски бележи два настапи на Зимските олимписки игри (1998 и 2002), како и два сениор и еден јуниор настапи на Светско првенство во скијање. Тој сега повторно е исправен пред уште еден голем предизвик, смирувањето на страстите во Скијачката федерација, унапредување на скијачкиот спорт во Македонија како и застапување и остварување на националните и интересите на членовите на здружението.
„Како голем спортист, вљубеник во планините и скијањето и општо во спортот, максиманлно ќе се посветам и ќе дадам се од себе за конечно да имаме видливи позитивни резултати и напредок во овој спорт во нашата земја. Во наредниот период сите активности ќе бидат насочени кон унапредување на квалитетот на сите спортови при Скијачката федерација на Македонија, обезбедување на средства за млади-надежни натпреварувачи, усовршување на постоечките стручни кадри, како и популаризација и заживување на скијачките клубови а со тоа и зимскиот спорт во нашата земја“, изјави Пановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА