ФОТО НА ДЕНОТ: Кој вика дека се игра без публика? – Се гледа од дистанца, без дистанца!

Каква е спортската инфраструктура во Македонија во 80%, од стадионите на кои се игра прволигашки фудбал, лесно може да си се следи фудбалската игра и од надвор од стадионите. Па, кој вика дека се игра без публика?

Така беше и денеска во Струга… Фудбал си се гледаше од дистанца, ама без задолжителната дистанца која е согласно законите на државните здравствени институции за заштита од пандемијата на коронавирусот. Безмалку слично и на голем број други стадиони во Македонија… Па, на крајот, останува прашањето зошто е тогаш забраната за присуство на навивачи на фудбалските терени!?

Се чини единствено „казнети“ се екипите кои играат на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје!

Се вчитува...