ЕХФ објави: Манасков и Лазаров ги поделија бодовите

Неодиграниот натпревар од последното коло од групната фаза во ракометната Лига на Шампиони меѓу Веспрем и Нант е регистриран без победник, со нерешен резултат 5-5.

Ова е одлуката што попладнево ја соопшти ЕХФ, откако синоќешниот дуел во Унгарија беше откажан буквално во „пет до дванаесет“ поради позитивен тест на коронавирус на еден од двајцата хрватски судии. Откако не беше возможно за кратко време да се донесат нови арбитри во салата, мечот беше откажан, за денеска да биде објавено дека истиот е регистриран со поделба на бодовите.

Исходот не влијае никако врз пласманот на екипите, бидејќи Веспрем во секој случај останува второпласиран со 20 бода, осум помалку од Барселона, додека Нант ја завршува групната фаза на шестата позиција.

Се вчитува...