По победата над Работнички во првиот натпревар на „балонот“ во Сараево, кошаркарите на МЗТ Скопје денеска од 12 часот ги очекува нов предизвик наречен Ловќен.
Аеродромци на денешната средба влегуваат со скор од пет победи и три порази, а доколку „сино-белите“ успеат да слават и против црногорскиот состав ќе влезат во горниот дел на табелата заедно со Борац Бања Лука, Спарс и Златибор кои имаат по шест триумфа.
Денешниот противник не е нималку наивен, Црногорците на средбата влегуваат на крилјата на победата во првиот меч во Сараево над Златибор, па доколку избраниците на Ѓорѓи Кочов сакаат да забележат нов триумф ќе мораат да се помачат. Меѓусебниот скор во досегашните средби е во полза на аеродромци кои имаат остварено три, наспроти едната победа на Ловќен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА