Германскиот дуел на средбата помеѓу Челси и Ливерпул му припадна на Томас Тухел откако „сините“ славеа над Ливерпул со 1-0 благодарение на фантастичниот гол на Мејсон Маунт на три минути пред крајот на првото полувреме.
Менаџерот на составот од „Стемфорд Бриџ“ по средбата не го криеше задоволството од играта на својот тим, но како што вели германскиот стратег има уште долго да се игра и ништо не е решено.
„Пресреќен сум како одигравме. Беше јасно дека мораме да одиграме комплетен меч во сите аспекти за да славиме и го направивме тоа. Игравме храбро со топката, не го губевме интензитетот, ниту агресивноста. Фантастична претстава и заслужен триумф. Целокупната игра охрабрува, но имаме уште 11 натпревари до крајот на првенството и одиме чекор по чекор, не е време за славје“ – изјави по дербито Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

